| четврток, 6 декември 2018 |

Патиштата влажни, видливоста намалена, аеродромот затворен

magla na pat

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива тековно по влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има во западниот и југозападниот дел од државата, а во североисточниот дел  видливоста е од 50 до 150 метри. Во Скопско видливоста е до 100 метри, информира АМСМ.

Во текот на ноќта маглата го попречи и одвивањето на авиосообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради што беа откажани дел од летовите.

АМСМ предупредува на опасност од помали одрони во клисурите и усеците, особено на патните правци: Кочани – Делчебо- Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top