| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, двајца тешко повредени на патот Прилеп-Битола

soobrakajka-

Eдно лице загинаа две се тешко повредени по страотната несреќа која утрово се случила на патот Прилеп-Битола.
Според информациите на порталот 10без10, несреќата се случила близу селото Тополчани, кога прилепчанецот Ѓорѓе С. со својот „Фолксфаген’ се судрил со кавадаречкото „Фијат Пунто“ во кое се превезувале татко и син.

Фолксфагенот се запалил и 58 годишниот Ѓорѓе го загубил животот, додека таткото И.М. и неговиот 27 годишен син Влатко биле тешко повредени.

На лице место интервенирале противпожарната единица и итната медицинска помош.

Патот Битола – Прилеп неколку часа бил затворен за сообраќај а автомобилите биле пренасочувани по стариот пат.

Се работи на откривање на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top