| четврток, 6 декември 2018 |

Утврден идентитетот на жената- самоубиец од Волгоград

oksana-aslanova-foto-twitter-voiceofrussia-1388331961-419851Жената самоубиец која денеска се разнесе на железничката станица во Волгоград е идентификувана како Оксана Асланова од Дагестан. Во експлозијата и е оштетен поголемиот дел од лицето, а официјалната потврда ќе се добие со ДНК анализа.

Според првичните информации, Асланова поминала низ специјална обука за терористи, иста како и онаа што ја имала Наџа Асијанова, која изврши сличен напад во Волгоград во октомври годинава.
Асланова била сопруга на водач на милитантната група кој бил убиен од руските безбедносни сили.


Во нападот кој се случил во 12.45 часот по локално време загинаа најмалку 18 луѓе,а а повеќе од 50 се повредени меѓу кои и деветгодишно дете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top