Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тврди дека нема да договара претседателски кандидат со ДУИ иако е подготвен да понуди кандидат што ќе биде прифатлив за албанските гласачи и кои ќе гласаат за него без разлика што ќе им каже Али Ахмети.
– Ако некој мисли дека кандидатот на опозицијата е прифатливо решение, нека гради консензус и нека го поддржи. Среќен сум што мојата партија е подготвена да поддржи кандидат прифатлив за сите граѓани без разлика на етничката и верска припадност, и тој да е натпартиска личност – рече Заев во интервју за емисијата „Вин-вин“.
Тој смета дека Ахмети нема влијание дури и отворено да ги повика да излезат на гласање.
– Не само што Ахмети нема влијание, немам влијание ниту јас. Ако на гласачите им понудам лош кандидат, и тие од СДСМ нема да гласаат. За кандидат со добра биографија и историја ќе гласаат и Албанците – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори