| четврток, 6 декември 2018 |

Промовиран хуманитарниот календар на „Твитер“ за 2014 (фотогалерија)

Хуманитарниот календар на „Твитер“ за 2014 година беше промовиран денеска во скопското кафуле „Излет“. Календарот,  чија цел е да се испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование,  е дело на фотографката Ивана Батев.

За потребите на календарот пред објективот на Батев се разголеа 25 храбри, паметни и убави твитер мажи и жени. Беше одржана и продажна изложба на фотографиите кои се наоѓаат на календарот, a собраните средства се наменети за помош на членовите од маргинализираните заедници.
Ова е втор ваков календар откако лани 12 твитерџики од Македонија го креираа календарот за да ја подигнат свеста за ракот на дојката.

Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top