Министерството за внатрешни работи, врз основа на прегледани снимки и направени фотографии од видеонадзорот по сообраќајниците во главниот град, но и во други градови низ Републиката, упати над 100 предупредувања на возачи за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.
Како што информираат од МВР, со предупредувањето на граѓаните им се испраќаат фотографии на коишто е фотодокументиран соодветниот прекршок. Најголемиот број сообраќајни прершоци се евидентирани во Скопје – 63, при што 13 прекршители се правни лица (меѓу кои и неколку државни институции), додека остатокот се граѓани-жители на Скопје. Евидентирани, односно фотодокументирани се прекршоци и во Куманово, Кавадарци, Велес и Струга.
Најголем дел од прекршоците, како што велат од МВР, се однесува на прекршокот „забрането запирање и паркирање“, и тоа во близина на пешачки премин, на тротоар, односно пешачка патека, како и запирање и паркирање во близина на стојалишта за возила на јавниот сообраќај или на места каде што паркираното возило го оневозможува движењето или пристапот на други возила во сообраќајот.
Досега, според евиденцијата на соодветните служби при МВР, се издадени над 1.400 предупредувања до граѓани со фотодокументирани сообраќајни прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре