Повеќе од 19 илјади посетители ја следеле страницата на американската противвоздушна одбрана НОРАД која беше задолжена да го следи патот на Дедо Мраз. НОРАД објави дека 19.580.000 посетители ја посетиле нивната страница.
Тие на католички Божик поставија апликација преку која преку „Фејсбук“, „Твитер“, но и преку мобилна апликација, можеше да се следи патувањето на Дедо Мраз од Јужен Пацифик, Австралија, Нов Зеланд, преку Азија, Европа и Африка за своето патување да го заврши во Јужна и Северна Америка. Од НОРАД информираа дека нивните волонтери се јавиле на 117.371 повик од дечиња кои барале информации за најпознатиот дедо на светот и неговите ирваси.
Децата најчесто прашувале дали се на списокот на добри или лоши деца и што е потребно да се посвои еден од нордиските елени на Дедо Мраз. Меѓу 1.200 волонтери на НОРАД беше и првата дама на САД, Мишел Обама. Само преку „Твитер“ Дедо Мраз го следеле 146.307 луѓе во светот, а програмата на „Фејбук“ добила 1,45 милион „допаѓања“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.