Ѓорѓе Саздовски (58) од Прилеп загина утрово во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, близу селото Тополчани.
Тешко се повредени и двајца кавадарчани – татко и син, но се надвор од животна опасност. Во сообраќајната несреќа „фолксвагенот“ на Саздовски директно се судрил со „фиатот“ во кој се наоѓале кавадарчаните.
По сударот, „фолксвагенот“ се запалил, а возачот загинал на местото на несреќата.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.