| четврток, 6 декември 2018 |

Нѐ чека жесток сексуален почеток на годината

Додека Близнаците функционираат слободно и безгрижно, Јарците се пред голема пресвртна точка. Што, во сексуална смисла, ни носи почетокот 2014 година? Неделен секс хороскоп за периодот од 29 декември до 5 јануари

Овните се потполно непредвидливи. Склони сте кон претерани акции и пренагли потези. Потребата за промена ви е тешко да ја изразите на урамнотежен начин. Постојано барате нови еротски предизвици. Претераното сексуално самодокажување е опасен спорт.

Биковите тешко го наоѓаат внатрешниот мир. Незадоволни сте со себе од непознати причини. Страствена врска е најдобриот лек за депресија. Вашиот сексуален однос со колега или шеф Јарец ќе прерасне и во нешто поемотивно. Долго ви требаше да се најдете на иста линија.

Близнаците функционираат слободно и безгрижно. Aко живеете без никаков план и програма, дозволувате ветрот да ве носи каде сака. Вашето често вербално препукување со еден Лав, е всушност еден фин почеток на меѓусебни симпатии. Сексот ќе си дојде природно.

Раковите се страствено заинтересирани за телесна љубов. Тоа не е некое изненадување. Новината е тоа што покажувате сѐ поголем интерес и за духовната димензија на љубота. Ако Стрелецот е вашиот љубовен избор, повеќе ќе филозофирате за сексот отколку што ќе го имате.

Лавовите осцилираат помеѓу чувствата на супериорност и инфериорност. Со брзите промени во расположението, само ги збунувате останатите. Среќа во несреќа е што е време на празици и имате посебна инспирација за водење љубов. Без мера претерувате со сексуалните активности.

Девиците патуваат низ животот во слободен стил. Раскрстивте со минатото, но иднината сѐ уште е празна. Имате специјална сексуална желба и не е лесно да ви се угоди. Додека го чекате вистинското, некој може пријатно да ве изненади со сексуалната глад по вас.

Вагите имаат радикален став во врска со љубовта и сексот. Вашата самодоверба е до небо. Се трудите на наметлив начин да се зближите со личноста која ви е привлечна. Ако на новогодишната ноќ не добиете сѐ, сексот „ќе падне“ некој ден покасно.

Скорпиите тешко се ослободуваат од своите опсесии. Ако нешто си зацртате, без разлика колку е таа работа нереална, нема лесно да се откажете. Кога е сексот во прашање, не сте премногу пребирливи. Ова најмногу се однесува на слободните и ненаситни Скорпии.

Стрелците фантазираат за врска со совршена личност. Имате право да сонувате, но идеализирате личност што не го заслужува тоа. Можеби изгледа совршено, но тоа не значи дека е велемајстор во креветот. Природата некогаш знае грубо да си поигра.

Јарците се наоѓаат на голем крстопат. Одлуките кои ќе ги донесете ќе ви ја обележат иднината. Врската помеѓу вас и една Скорпија е полна со сексуални табуа. Со Овнот, пак, барем знаете на што сте. Сексот е првокласен, но карактерите со рогови секогаш се бодат и судруваат.

Водолиите се изолираат од светот. Ако ја прескокнете (читај: преспиете) прославата за Нова година, нема да ви биде првпат. Избегнувате да се соочите со сопствените сексуални фрустрации иако сте свесни дека бегањето е непродуктивно.

Рибите сонуваат за луд и незаборавен дочек. Според распоредот на ѕвездите, можно е токму вечерта да се досадувате во друштво на неинтересни личности. Сексот со непозната личност не се препорачува, но вие секогаш сте со свој памет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top