| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија одобри буџетет од 3,25 милијарди евра

edi rama

Албанскиот Парламент синоќа го одобри буџетет од 3,25 милијарди евра за 2014 година, очекувајќи дефицит од 654 милиони евра и раст од два процента.

-Ова не е кризен буџет, туку сосема јасен проект за промени и економски подем – изјави албанскиот премиер, социјалистот Еди Рама, кој на чело на владата е само три месеци.

Во средината на декември албанските власти се договорија со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за заем од 300 милиони евра, што ќе помогнат во обновата на економијата и зачувување на макроекономската стабилност. Целта на заемот беше да се избегне зголемување на државниот долг, што сега надминува 67 проценти и се очекува во 2014 година да достигне 74,8 проценти од бруто домашниот производ.

Во буџетот се заложени 250 милиони евра за покривање на државниот долг кон приватниот сектор, а за инвестиции и расходи уште 475 милиони евра.

Десничарската албанска опозиција остро го критикуваше буџетот како длабоко неправеден и произволен и најави протести против економската политика на владеачките партии.

Според официјални податоци, невработеноста во Албанија опфаќа 12,75 проценти од активното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top