Демонстранти му го уништија одморот на американскиот претседател Барак Обама на Хаваи. Вчера тие го искажаа своето незадоволство поради употребата на беспилотните летала, постоењето ан затворот Гвантанамо, ГМО храната и други прашања.Демонстрантите се собрале на малиот простор за протести во близна на куќата во местото Каилуа изнајмена за одмор на семејството на американскиот претседател Барак Обама. Тие ја дочекале колоната автомобили со која Обама се враќал од вежбање во блиската воена база на САД. Со себе имале транспарентите на коишто, меѓу другото, биел истакнати паролите „Беспилотните летала се неетички и незаконски”, „Базите на САД надвор” и „Веднаш затворете го Гвантанамо”. Други, пак, демонстранти го изразиле своето несогласување со генетски модифицираната храна.
Претседателот Обама минува двенеделен одмор на Хаваи со неговата сопруга Мишел и нејзината мајка, ќерките Малиа и Саша, како и со домашните миленици кученцата Бум и Сани.
Демонстрантите кај куќата во којашто се одмора претседателското семејство се собрале и во петокот навечер и изразиле незадоволство од Транспацифичкиот трговски договор за партнерство (TPP) за кој преговараат САД и неколку азиски и јужноамерикански држави. Противниците на овој договор сметат дека тој им оди во прилог само на големите мултинационални корпорации.
Обама на Хаваи, каде што минал поголем дел од своето детство, сепак главно е срдечно дочекуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД