| четврток, 6 декември 2018 |

И убавите мажи ги изневеруваат: Бали бег е повторно сам

Верувале или не, тоа им се случува и на најубавите и најпосакуваните луѓе на светот. Најубавиот Турчин по кој целиот свет воздивнува, Бурак Озџивит, кој стана светски познат по улогата на згодниот Бали Бег, е изневерен од неговата вереница. Се пишува дека тој ја оставил Џејлан Чапа, бидејќи се гледала со друг маж. Додека тој го славел роденденот, таа се забавувала во друга дискотека со друго момче.

Иако до неодамна најавуваа спектакуларна венчавка и изјавуваа дека се позаљубени од кога било, сепак се пред крај на веридбата.

Колегите на Бали Бег му приредиле изненадување за 29-от роденден, но депримираниот актер не сакал да продолжи во дискотека и си заминал дома.

-На почетокот на врската имаа проблеми бидејќи Џејлан беше љубоморна на неговата популарност и обожавателките кои го прогонуваа. Ситуацијата во последните месеци се промени. Се оддалечија, а таа постојано излегуваше. Додека тој седеше сам за роденденот, таа се забавуваше, изјавиле пријателите.

Веднаш на социјалните мрежи се јавија неговите фанови кои му порачаа да не тагува, бидејќи има милион жени кои би сакале да се на местот на Џејлан.

Следете не и преку Твитер:


 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top