| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишно дете го освои највисокиот врв на јужната полутопка

Деветгодишно момче од јужна Калифорнија стана најмладата личност во историјата кој се искачил на врвот на планината Аконкагва во Аргентина, кој со 6962 метри е највисокиот врв на западната и јужната хемисфера, објави телевизија „Телма“. Тајлер Армстронг се искачил на врвот заедно со својот татко Кевин и тибетанскиот шерпа Лаванг Дондуп на божикната вечер.

-Повеќето мои врсници најчесто играат видео игри и затоа никој не очекуваше дека дете на возраст од 9 години може да се искачи на планина висока 6 962 метри. Јас и татко ми се искачивме на врвот заедно и тоа навистина многу ми значеше, затоа што двајцата тоа го направивме заедно, вели детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top