Хафингтон пост направи листа од најглупавите престапи кои се случиле оваа година, која ја пренесува порталот „Делчево денес“.
Имало разни. Така Британецот Џејми Нил се обидел да ограби бензинска пумпа со провидна ќеса на глава. Може да претпоставите што се случило подоцна.
Марио Гарсија и Доминго Гарсија Хернандез одлучиле да ограбат ресторан со брза храна. Влегле внатре, барале од сопственикот храна и му се заканиле со пиштол.
Сопственикот им рекол да дојдат подоцна, бидејќи во моментот немал со што да ги послужи. „Генијалците“ го послушале…
Лери Барнет случајно го повикал лицето кое планирал да го убие и 90 минути му раскажувал како мисли да го спроведе злочинот. Час и половина!
Полицијата во државата Њу Хемпшир го фати Син Демон откако напишал коментар на полициската фотографија на Фејсбук страницата на телевизијата Еј-Би-Си.
Даниел Купер е снимен со безбедносна камера како „води љубов“ со теренско возило. Потоа рекол дека не се сеќава на ништо.
Омар Пинеда рекол дека го застрелал пријателот во грб, бидејќи се исплашил од гласното лаење, за време на лов на „бигфут“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


