| четврток, 6 декември 2018 |

Рударите од „Саса“ ќе добиваат бонуси од 12.000 денари, па нагоре

И оваа година, рудниот Саса не штедеше на безбедност на рударите. И покрај тоа што три меѓународни инспекции од Чешка, Полска и Словенија утврдиле дека рудникот е еден од најбезбедните во регионот, сепак во безбедност беа инвестирани нови близу 3 милиони евра, во ХТЗ и самоспасувачка опрема за рударите, пренесува ТВ Стар.

Освен во безбедноста на луѓета, Саса оваа година инвестираше  и во  обнова на машинскиот парк, кој не беше сменет од 2006-та година.

Дополнително, како што пренесува ТВ Стар освен плата, за рударите во Саса од  Нова година ќе има и бонуси,  стои во колективниот договор што менаџерскиот тим го потпиша со рударскиот синдикат.

Станува збор за бонуси кои почнуваат од 12.000 денари па нагоре, во зависност од годините на стаж и тежината на работното место. Оваа информација, денес ни беше потврдена и од синдикатот на рудникот.

Сето ова значително ќе ги подобри условите и безбедноста  за работа,  а рударите ќе имаат можност и за поголема заработка.

Инаку,  Саса и  годинава е  најпрофитабилната фирма во источниот регион и рудник кој убедливо најмногу вложува во безбедноста при работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top