| четврток, 6 декември 2018 |

За прекршување на мерките против загадувањето казнети повеќе од 70 субјекти

Инспекторите на Државниот инспекторат за труд им изрекле мерка забрана за вршење дејност на над 70 субјекти што работат во надворешни услови, а кои не ги почитувале препораките поради загадувањето работниот процес да го организираат во периодот од 11 до 17 часот.

Ова ги истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СОС Детското село во Скопје.

Тој прецизира дека во изминативе денови се извршени над 240 инспекциски надзори, пред се кај градежните компании, но и кај останатите фирми кои работат во надворешни услови и додаде дека околу 30 проценти од правните лица не ги почитувале препораките.

– Државниот инспекторат за труд и во наредниот период, согласно препораките за проблемот со кој се соочуваме, ќе продолжи да постапува по секоја преставка од страна на граѓаните, но и преку редовни и вонредни инспекциски надзори – нагласи Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top