Неодамна, манекенката Александра Накова ја раскина неколку месечната врска со своето момче, кошаркарот Никола Гајдаџиев.
– Станав дел од шоуто ‘Танц со ѕвездите’ и целосно сум фокусирана на тоа. Сакам да се покажам во вистинско светло, да се докажам и како танчарка, па затоа времето ми минува во вежбање. По цел ден сум зафатена, немам време за ништо, имам многу обврски и дома се враќам доцна навечер, па ми останува време да се напијам еден чај и да легнам да спијам. Слободно време за љубов, дружба, романтични излегувања – навистина немам. Затоа раскинувањето со Никола беше нешто што мораше да се случи. Не сум тажна. Едноставно, немам време за тага, дури и се чувствувам добро вака, сама, можам да напредувам во кариерата без да имам грижа на совеста дека некого сум запоставила или дека сум му скратила нешто во врската – вели манекенката за „Вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


