Во голема и сеопфатна полициска акција против нарко мафијата изутринава српската полиција приведе 128 лица, а извршен е претрес на 1.165 објекти низ Србија, пренесува Танјуг.
Според првиот потпретедател на Владата Александар Вучиќ заедно со претходната полициска акција „Гром“ вкупниот бројот на приведени криминалеци изнесува околу 500 лица.
Денешната акција „Гром 2“ е спроведена на територијата на цел Србија со цел за разбивање на нарко мафијата во земјата.
Вучиќ на прес конференција за новинарите истакна дека нема системска врска меѓу државата и криминалците и дека доказ за тоа е што ниту една информација на акцијата „Гром 2“ во која се приведени значајни имиња од нарко мафијата не протекла. Според него во акцијата се уапсени и голем број сериски убијци, лица кои имаат извршено неколку убиства, разбојништва и други дела.
Српскиот јавен обвинител Загорка Доловац изјави дека во акцијата „Гром 2“ се уапсени сериозни нарко имиња кои биле на врвот на пирамидата и порача дека никој не е посилен од државата.
Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ изјави дека во акцијата „Гром“ се работело и на сузбивање на мрежата за продажба на наркотици, но и на апсење на лица кои претставуваат опасност за имотната и лична безбедност на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


