Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива тековно по влажни коловози, известува ЈП „Македонијапат“.
Намалена видливост поради магла има на патот Тетово – П. Шапка од 100-150м, Стража до 100м, Маврово 30-50м, Крушево до 60м. и Ѓавато до 50м.
На патниот правец Прилеп- Витолишта (Р1107) на 29км од с. Борча поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Екипите на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на одронот. Се очекува сообраќајот да се нормализира во текот на денешниот ден.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


