| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел и Фифи вечерва ќе пеат во Белград

Тимовите на Емина Јаховиќ и Кики Леендриќ синоќа во белградскиот трговски центар „Делта сити“ одржаа предновогодишен концерт. Трговскиот се преполни од обожавателите кои ја искористија можноста да се дружат со своите фаворити.

Вечерва ќе биде одржан уште еден ваков концерт, а на ред се групите на Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач. Даниел Кајмакоски, черката на Луис – Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ, групата на момчиња „Доктори“, девојчињата „4U“ и дуото „H20“ составено од нашиот претставник Фифи и Маринела Џогани.

Предвидено е натпреварувачите да ги испеат песните со кои настапија на аудициите.

Во четвртокот Даниел имаше можност да настапи и со српскиот пејач Саша Ковачевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top