| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту поевтин автобуски билет не го „вади“ возачот од автомобил

penzioneri avtobusiНови билети нема да ги премислат граѓаните да ги остават автомобилите и да се возат со автобус, оцени првиот човек на ЈСП Мишо Николов  по предлогот од ДОМ за поевтини и семејни билети. Најави дека ќе се разгледа опцијата за семејни билети. Дневни билети, пак, се очекуваат кога ќе има електронска наплата во автобусите.

-Ако со автомобил се возите за 100 денари дневно, а со автобус за 80, тоа не вредно како мотив некој да го остави автомобилот и да се вози со автобус- го пренесе Николов Телеграф.мк

Партијата ДОМ предложи ткн „зелен дневен билет“ со цена од 60 денари и семеен викенд билет од 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top