На Граничниот премин Табановце денеска ќе биде пуштен во употреба заеднички контакт центар за полициска соработка меѓу Македонија и Србија. Центарот официјално ќе го пуштат во употреба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Отворањето на центарот ќе придонесе кон подобрување на соработката меѓу двете полиции, подобрување на протокот на патници и возила и интензивирање на комуникацијат меѓу двете држави. Ќе овозможи слободен и сигурен граничен премин и подогинување на ефективноста на полцииските структури, а полициските службеници ќе имаат можност да разменуваат информации и да разрешиваат евентуални спорни ситуации.
Системот на меѓусебна комуникација се базира на Виенската конвенција за полициска соработка на земјите од југоисточен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


