| четврток, 6 декември 2018 |

Кортни Кокс во нова љубовна врска

Популарната актерка Кортни Кокс (49) ужива во нова љубовна врска со дванаесет години помладиот ирски музичар Џони Мекдед.

Парот до неодамна ја криел својата љубов, но сепак пред некое време се појавиле заедно на журката што ја организирала кумата на Кортни, Џенифер Анистон.

Мекдед е музичар со ирско потекло, а последните години години живее во Лос Анџелес, кадешто и се запознал со познатата глумица. Тие двајца сé уште не сакаат да откриваат детали од нивната романса, но по блискоста што започнале да ја искажуваат еден спрема друг во јавност може да се заклучи дека се среќни заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top