Североисточниот дел од САД денеска се очекува да биде зафатен од силна снежна бура проследена со силни ветрови и според метеоролозите, таа бура има потенцијал да биде „историска“.
Метеоролошките служби објавија можни снежна покривка од 30 до 60 см. од Њу Џерси до Мејн и ветрови до 120 км/час.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг каде се очекуваат околу 40 см. снег и силни ветрови, изјави дека тие се подготвени за невремето.
“Имаме над 250.000 тони сол, 350 возила за разнесување сол и 1.800 камиони за чистење снег”, изјави тој.
Упати апел до њујорчани да складираат неопходни продукти вклучително и лекови заради можни прекини во снабдувањето со струја и потешкотии во одвивањето на транспортот. Тој ги повика граѓаните да не ги користат возилата за време на бурата која се очекува дабиде најинтензивна во сабота наутро.
Речиси 2.000 летови се откажани вчера и уште 500 за денеска.
Во градот Бостон во Масачусетс се очекуваат околу 60 см. снег. Училиштата во градот не работат.
Националната метеоролошка служба соопшти дека очекуваната бура е „потенцијално историска“ заради сложената метеоролошка ситуација – со две бури од запад и југ кои може да се соединат денеска попладне по локално време и да достигнат максимален интензитет утре изутрина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



