| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија: Подгответе се за почеток на преговори со ЕУ во јуни

Grahammer löst Schweisgut ab

Европската иднина на Република Македонија е јасна и земјата во јуни реално и без одлагање треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Македонија пред изготвувањето на пролетниот извештај на ЕК да направи се што може во врска со подготовка на овие преговори и да не дава причини за критика. Таа мора да демонстрира дневен политички живот, да покаже дека е држава што треба да ја интегрираме во ЕУ. Унијата не треба да увезува проблеми, истакнува австрискиот амбасадор во ЕУ Волтер Грахамер за дописникот на МИА од Брисел.

Грахамер потенцира дека може лесно да се затвори и прашањето за името, правејќи споредбата со Белгија каде што има провинција Луксембург и соседната земја што го носи истото име, а тоа не создава проблем.  Поддршката, пак, што неговата земја и ја дава на Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, се должи на историјата, геополитиката и економскиoт интерес, но пред се, на тоа што Австрија сака да има мир во соседството што може да се гарантира со нивна интеграција во Унијата.

Македонското опшетство е позитивно изненадено од сесрдната поддршка на Австрија во ЕУ, што беше забележано на последниот Самит на Европскиот совет, каде државниот секретар во австриското Минситерство за надворешни работи, Рејнхолд Лопатка, отворено побара да се дозволи почеток на преговорите за членство на нашата земја. Која е причината за отворената поддршка од страна на Австрија?

– Австрија со години го застапува истиот став во однос на пристапот на сите земји од Западен Балкан во Европската унија, се разбира откако истите ќе ги исполнат сите услови. Ова е австриска позиција што трае со години и ние сега имаме чувство оти дојде момент, со оглед на тоа што и Европската комисија четири години наназад ја дава истата оценка, а тоа е да почнат пристапните преговори со Македонија. Токму затоа Австрија смета дека не треба сега да се одложува оваа процедура, а се разбира, вистинското време за членство ќе дојде кога преговорите ќе завршат. Сепак, ние мислиме дека треба веќе да се преговара со Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top