Италијанскиот фудбалски тренер Џовани Трапатони би можел да се врати во татковината по заминувањето од клупата на репрезентацијата на Ирска.
Клаудио Лотито, претседателот на Лацио, веќе контактирал со Трапатони во врска со испразнетото тренерско место во клубот од Рим. Сегашниот тренер на Лацио, Владимир Петковиќ, по завршувањето на сезоната ќе ја преземе функцијата селектор на швајцарскиот национален тим.
Искусниот 74-годишен тренер нема работено во клуб уште од 2008 година откако ја презеде репрезентацијата на Ирска и таму се задржа пет години. Тој има искуство со водење италијански тимови бидејќи веќе бил тренер на Јувентус, Милан, Фјорентина, а дури бил селектор и на италијанската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



