| четврток, 6 декември 2018 |

На прилепчанец му ја украле цела реколта тутун

tutun

Прилепчанец во текот на вчерашниот ден останал без 1.200 килограми тутун. Според информациите од полицијата, се работи за тутунот на 40-годишниот М.Д. од Прилеп кај кој засега непознат насилник ги скршил двата катанци од шталата и бравата, го украл тутунот и избегал во непознат правец.

Крадецот направил штета од 4000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top