Ако не можеш да ги победиш – придружи им се! Актерот Васил Зафирчев лани беше дел и еден од фаворитите во шоуто „Танц со ѕвездите“. Сепак, поради тешка повреда на коленото на еден од тренинзите, актерот мораше да го прекине натпреварувањето.
Продуцентите на шоуто одлучија дека неговите познавања за сценски движења и кореографии, навистина, ќе им бидат од корист, па во втората сезона Васил Зафирчев ќе биде дел од жирито.
Водител низ шоуто повторно ќе биде актерот Тони Михајловски, а организаторите сѐ уште го чуваат во тајност името на водителката.
Првата епизода на „Танц с оѕвездите 2“ и запознавање со новите натпреварувачи ќе биде на новогодишната ноќ на МТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


