Во текот на минатата недела се пријавени 161 лице со симптоми на грип, соопшти Институтот за јавно здравје.
Во споредба со бројот на заболени од претходната сезона, се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период, се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во земјава од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 746 лица. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.
Во споредба со истиот период минатата година (509), постои зголемување на вкупниот број заболени лица за 46,6 отсто, а во однос на просекот за истиот период во последните 10 години (186), зголемувањето на бројот на заболени во оваа сезона изнесува 4 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.