| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана: Евровизиската песна не ѝ се допаѓа на сестра ми

tijana podocna

Песната со која ќе настапам на „Евровизија“ е одбрана, но сѐ уште се доработува. Премиерно ќе ја изведам на Македонската телевизија на 22 февруари кога конечно ќе бидат соопштени името на песната и на авторите. Првиот коментар на сестра ми кога ја слушна песната беше: „Мене ова не ми се допаѓа“, вели нашата евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ за српски „Вести онлајн“.

 

– Сѐ што нејзе не ѝ е по ќеф станува хит, така што тоа е добра вест. И порано се случувало за многу мои песни да каже дека се лоши, а мислењето не го менувала ниту подоцна кога истите тие биле барани и слушани. Тамара цврсто ги брани своите ставови – вели Тијана.

Популарната пејачка открива дека сценскиот настап, гардеробата и фризурата засега ѝ биле во втор план.

– Најважна е песната, која е во брз ритам, целосно во мој фазон и очекувам дека ќе направам вистински жур на евровизиската сцена. Очекувам поддршка од сите земји од поранешна Југославија, но и од дијаспората – вели Тијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top