| четврток, 6 декември 2018 |

Час по американска историја на среде протести

Младиот индијанец им се „истури“ на демонстрантите, притоа шетајќи мало дете во количка

Откако претседателот Обама порача дека е време а се легализираат американските имигранти, дел од американците не се согласуваат со него. Но, на еден од таквите „Анти“ протести, наследник на индијанците, им објасни на демонстрантите „кој од каде и за каде е“. „Сите сте вие илегалци. Сите. Ние никого од вас не повикавме тука. Ние сме единствените вистински американски староседелци. Продолжете вие со вашите лажни аргументи. Но ние сме единствените легални тука. Ние треба да го вееме ова знаме бидејќи е црвено како нашата пролеана крв“, им порача младиот индијанец на оние кои демонстрираа против нелегалната имиграција во САД. Индијанецот им укажуваше на историските факти за заземање на туѓа земја, се додека собирот не се растури.
Обама неодамна порача дека „доколку не сте индијанец, еден од првите американци, вие сте дошле од некаде, некој ве довел тука“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top