| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Би било добро Ермира Мехмети да се приклучи на блокадите кај Пластичарската улица

ilija za ermira-Би било добро колешката Ермира Мехмети да се приклучи на блокадите кај Пластичарската улица, да земе токмак и да помогне при рушењето на трансформаторите на ЕВН…или бар да им ги плати сметките на луѓето и да им ги реши егзистенцијалните проблеми.

Ова го напиша претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и директор на партискиот Центар за комуникации, Илија Димовски, на својот Фејсбук профил по блокадите на Пластичарската улица од локалните жители и дуќанџии, кои протестираат бидејќи од вчера немаат струја поради дефект на трафостаница.

Ваквиот став на Димовски доаѓа откако пратеничката на ДУИ неодамна призна дека стои зад вандализмот поврзан со споменикот на цар Душан и присуствуваше кога група Албанци се обиде да го сруши споменикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top