Двајца полицајци се полесно повредени попладнево откако спречиле најверојатно обид за бегство, јави „Прес 24“.
До инцидентот дошло кога полицијата спроведувала еден затвореник на судско рочиште во Основниот суд Скопје 1. Во тој момент, роднина на затвореникот, 19- годишниот Алими Арсим, ги нападнал судските полицајци, Трифун Б. (38) и Фатмир Р. (29). Сепак, тие останале присебни и не дозволиле поголеми проблеми. Напаѓачот веднаш бил приведен. За инцидентот е информиран и надлежниот јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.