16-годишната копија на Здравко Чолиќ, Петар Јојиќ – Перчоли, се врати на она што го правеше пред да влезе во шоуто „Икс-фактор“. Своеглавиот тинејџер го привлече вниманието на жирито првенствено со тоа што со изгледот и ставот наликува на Чола, а оттаму и неговиот прекар.
Но, Перчоли има и одлични гласовни способности кои го доведоа до третата фаза на натпреварувањето. Иако во домовите на судиите неговата менторка Емина Јаховиќ не го избра во нејзиниот тим, постои можност тој да се врати во шоуто. Сѐ зависи од гласовите на публиката кои ќе вратат по еден испаднат кандидат од секоја група.
Пред да се претстави пред балканската публика, Перчоли редовно настапувал на „Кнез Михајлова“ во Белград, а со собраните пари се школувал и преживувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)