| четврток, 6 декември 2018 |

Ам­ди Ба­јрам во 2013 година се ребрендираше во „пелистерка кола“, се присетуваше на „ќумезот“ и даваше голови со глава (видео)

амди-бајрам

Да­тум на ра­ѓа­ње: 30.8.1956 го­ди­на, Скоп­је

Обра­зо­ва­ние: сред­но

Ја­зи­ци: тур­ски, срп­ски и ал­бан­ски

Про­фе­си­ја: пра­те­ник

Иа­ко, мо­же­би, зас­лу­жил ова ме­сто да го до­би­ва ба­рем ед­наш ме­сеч­но, пра­те­ни­кот Ам­ди Ба­јрам годинава само два пати ја доби титулата „личност на неделата“ во неделникот Република. Се нај­де и на ли­ста­та на најв­ли­ја­тел­ни лич­но­сти во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко по­ра­не­шен про­да­вач на „пор­то­ко­ла­да“ и на шу­шкав­ци, а се­га­шен ром­ски тај­кун.

Првиот пат се истакна на предизборниот митинг во Охрид каде што се истакна со големите прстени со лавче на неговите раце. Забалежителен беше неговиот настап интерпетирајќи ја „Послушајте патриоти“. Текстот го знае само тој, оној текст кој тој го отпеа…

Овде во Охрид нема многу Роми, но има наши браќа Египќани. 2500 гласачи.Тие до сега ги влечеа лево десно. Ги лажеа. Но сега на чело со мене ќе го дадеме гласот за нашата заедничка коалиција. Охрид го добиваме – рече тој во Охрид.

Вториот пат се истак­на изјавата за тоа што му не­до­сти­га­ло за вре­ме на не­го­ви­от, ка­ко што умее да ка­же, го­ди­шен од­мор, кој тра­е­ше мал­ку по­дол­го, во Идри­зо­во.

Ва­ши­от ли­дер Зо­ран За­ев тре­ба­ше да го топ­ли мо­јот кре­вет во Идри­зо­во, ама Бран­ко го ам­не­сти­ра. Оваа власт не­ма да ам­не­сти­ра ни­ко­го – им се обра­ти Ба­јрам на пра­те­ни­ци­те од опо­зи­ци­ја­та.

Про­сто­рот е пре­мал за да се опи­шат би­се­ри­те на мар­ка­та „ко­ка-ко­ла“, се­га ве­ќе „пе­ли­стер­ка ко­ла“, чо­ве­кот што се­ко­гаш но­сел мар­ка, чо­ве­кот со стил, кој за­ми­ну­ва на од­мор во каз­не­но-по­прав­на ин­сти­ту­ци­ја. „Ма­ке­дон­ка“, „Штип“, „Шу­текс“… да не на­бро­ју­ва­ме. Де­фи­ни­тив­но, Ам­ди се­ко­гаш е со план. До­кол­ку си­ро­ма­шти­ја­та удри по не­го­ви­от џеб, знае што да на­пра­ви.

Ќе се отка­жам од лу­ксу­зот. Ќе се отка­жам од лу­ксуз­ни­те во­зи­ла. Ќе во­зам не­што по­стан­дард­но, не­ма да во­зам лу­ксу­зен авто­мо­бил, не­ма да ку­пам но­во во­зи­ло. Не­ма се­кој ден да одам во странс­тво, не­ма да одам се­ка­де ка­де што тре­ба и са­кам. Не­ма се­кој ден да ја­дам во ре­сто­ран. Ќе скра­там од сѐ по мал­ку, ќе мо­ра да за­ште­дам мал­ку – из­ја­ви Ам­ди.

Тој се истак­на на 24 де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на. Ѝ по­ка­жа сре­ден прст на тол­па­та со­бра­на пред Со­бра­ни­е­то и ре­че: „Умре­те, умре­те!“

Ја­бол­ка и јај­ца за­вр­ши­ја кон не­го. На крај ре­че де­ка пр­стот бил за Цр­вен­ков­ски, не за на­ро­дот. Тоа би­ле не­го­ви­те пет ми­ну­ти за да му вра­ти. Сме­та де­ка си­те се ма­фи­ја, си­те се ЦИА. Не­го­ви­от внук при­ја­ви лаж­на бом­ба, а син му е гра­до­на­чал­ник со ос­нов­но обра­зо­ва­ние. Об­ви­ни де­ка Бран­ко Цр­вен­ков­ски му ну­дел на­ма­лу­ва­ње на за­твор­ска­та каз­на во за­ме­на за гла­со­ви­те на Ро­ми­те. Отка­ко го из­ја­ви тоа, се по­жа­ли де­ка по се­дум-осум ми­ну­ти отка­ко обе­ло­де­нил за „не­при­стој­ни­от пред­лог“ од Цр­вен­ков­ски во 2004 го­ди­на до­бил смрт­ни за­ка­ни.

Ре­че и:

– Ко­га вле­гов од тр­гов­ски пре­ма „Же­на-парк“, до­бив еден јак ап­ла­уз. Јас си одам пра­во на­кај Со­бра­ние ко­га дој­дов на­кај се­ма­фо­ри­те пред Со­бра­ни­е­то, одед­на­шка поч­наа уа, ва­му-та­му, мно­гу вул­гар­но и да ме пцу­јат. Бев ја­ко ис­про­во­ци­ран и поч­наа да ме пцу­јат, мно­гу гр­до и тоа гр­до со ром­ски по­на­шај, ци­ган тоа, тоа и тоа, зна­чи ци­ган. И ко­га се свр­тев, ја го гле­дам Бран­ко Цр­вен­ков­ски и тоа што го на­пра­вив не­го лич­но му го на­пра­вив.  Не сум го пцу­ел, ту­ку му да­дов она шо зас­лу­жи. Она мно­гу кул­тур­но шо тре­ба­ше да му вра­там… Не му до­ли­ку­ва на еден на­род кој бил пре­тсе­да­тел, пре­ми­ер… На мно­гу ни­ска гран­ка се сим­на. (за сред­ни­от прст што му го по­ка­жа на Цр­вен­ков­ски)

– Ра­зо­ча­ран сум од Ам­ди Ба­јрам, го иска­жа сво­е­то раз­о­ча­ру­ва­ње од „ко­ка-ко­ла“. Ѝ бев еден од нај­до­бри­те про­мо­те­ри, а от­та­му не до­бив ни еден па­кет на по­да­рок. Се­га сум „пе­ли­стер­ка ко­ла“.

– Ма­ме ѝ еба­вте на Ма­ке­до­ни­ја!

– Фа­ктич­ки Ки­не­зи­те го из­мис­ли­ја кра­јот на све­тот. Ова е на­пра­ве­но за биз­нис, на­ро­дот да тро­ши па­ри. Во ова не ве­ру­вам за­што јас ве­ру­вам са­мо во еден Гос­под.

Ние Ро­ми­те сме си­те за­ед­но, освен еден Сам­ка. Да по­ра­бо­ти­ме и на не­го, да го вра­ти­ме на­зад, го из­ла­жа­ле. Ќе се вра­ти слам­ка­та пак на свое ме­сто, да мо­же од ча­ша да пие.

– Кој са­ка не­ка ми би­де про­ти­вкан­ди­дат, овој пат не 102,5, ту­ку 109,5 про­цен­ти ќе го по­бе­дам на ло­кал­ни­те из­бо­ри за гра­до­на­чал­ник на Шу­то Ори­за­ри.

– Са­мо осум до 10 ми­ну­ти от­ка­ко на со­бра­ни­ска­та го­вор­ни­ца открив што ми ну­де­ше Цр­вен­ков­ски, то­гаш ми стиг­на по­ра­ка со за­ка­на за убис­тво. Не се пла­шам од ни­ко­го. Ве­чер ќе одам кај фон­та­на­та на пло­штад и ако са­ка не­кој не­ка ме убие, ама ќе се знае кој е. Јас не се пла­шам од ни­ка­кви за­ка­ни.

– Мо­јот ко­ле­га ов­де­ка во пар­ла­мен­тот во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, црн­ци и бел­ци нѐ на­вре­ди ов­де­ка за­тоа што при­па­ѓам ме­ѓу црн­ци­те, нај­нор­мал­но,  за­тоа што јас сум мус­ли­ман, смеј­те се вие, смеј­те се, за­тоа што вам ви од­го­ва­ра.

– Јас го учев Цр­вен­ков­ски ка­ко се ку­пу­ва­ат ром­ски­те гла­со­ви.

– За ме­не си­гур­но има до­сие и тоа се ви­ка „Со пе­та гол“. Ме кр­сте­ле сто по­сто на тоа. Фа­ктор сум мно­гу, увек сум фа­ктор и мо­ра да ме кр­сте­ле.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top