Новинарката и водителка Маријана Димовска има учествувано во неколку помали телевизиски проекти, меѓу кои и емисија за шоу-биз на „Сител“, квиз каде гледачите се јавуваат во програма на „АБ канал“, а сега е презентер на вести.
24-годишна кумановчанка има работено и како модел и манекенка, а во шоуто ќе танцува со Боби Трајковски.
Македонскиот репрезентативец во ватерполо Стефан Лошковски е многу попознат по титулата Мистер на Македонија, отколку со спортските успеси. Во 2012 година, Стефан како претставник од Македонија, го освои првото место на изборот за убавина „Морски свет“ во Перу.
21-годишниот студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, се испроба и како водител на емисии за музика и естрада. Во „Танц со ѕвездите 2“ партер му е Симона Веселиновска.
Актерот Мартин Јордановски е постојано активен на македонската театарска сцена. Покрај работата во Театарот за деца и младинци, Мартин остави неколку значајни улоги во Драмскиот театар, меѓу кои највпечатлива беше играта во култната претстава „Грев или шприцер“.
26-годишниот актер има и една од главните улоги во филмот на Столе Попов „Приказна од Дивиот исток“, каде игра покрај Сашко Коцев. Партенер во шоуто му е Ивана Ристевска.
Каратистката Наташа Илиевска долго време убедливо водеше и беше прва на Светската ранг-листа. Најдобрата македонска каратистка започна да тренира карате пред две децении во родното Кратово и одтогаш има собрано многубројни награди и медали. Од 1998 година до денденес е член на скопскиот клуб „Макпетрол“.
Таа е студент на Факултетот за електротехника и информатички технологии, а за танц-ментор го има Даниел Кимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.