Светски експерти тврдат дека Србија е означена како расадник на оваа исклучително опасна бактерија, дознава „Блиц“. Таму се забележани смртни случаи поради супербактерија, отпорна дури и на најсилните антибиотици. Во текот на 2011 и 2012 година кај осум пациенти била идентификувана супербактеријата
Се работи за нов ген меѓу бактериите која се пренесува исклучиво во болниците, а заболените најчесто умираат од запаление на белите дробови или инфекција на уринарниот тракт.
Според научниците супербактеријата веќе била утврдена кај пациенти од Велика Британија, САД, Австралија, Канада и Холандија, при што сите тие пациенти патувале во Србија или Индија за некаква хируршка интервенција.
Станува збор за нов ген, наречен Њу Делхи метало-бета-лактамаза, или НДМ-1, кој се наоѓа во бактерии отпорни на речиси сите постоечки антибиотици. Не станува збор само за ширење на една бактерија, туку за ширење на отпорноста меѓу бактериите и врз нив дури не делуваат дури ни најсилните антибиотици.
Д-р Бранко Јовчиќ тврди за „Блиц“ дека во Србија настанала ваква ситуација поради честа и нерационална употреба на антибиотици, а резултат на сето тоа е зголемената отпорност на бактериите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.