| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Иницијативата на Иванов ја одразува фактичката состојба

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој денеска оствари средба со претставниците на дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во македонското МНР, истакна дека иницијативата на претседателот Ѓорге Иванов за ефектуирање на пресудата од Хаг ја одразува фактичката состојба, но државниот врв е внимателен во однос на следни чекори.

– Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец. Во овој момент не би сакале да навлегуваме во тоа дали, како и што би можело да се случи, но се работи за една констатација која ја одразува состојбата на теренот – изјави министерот Попоски на средбата.

Министерот посочи дека, освен политичкиот ангажман, и економската дипломатија ќе биде втора најзначајна област на која ќе се фокусираат македонските дипломати. Во тој контекст клучна тема ќе биде економската презентација, односно можностите за инвестирање во земјата, извозот и во туризмот.

Годинава првпат дипломатите ќе имаат средба и со министерот за здравство, Никола Тодоров, по повод воведувањето на новата активност здравствена дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top