Екипата на Гумерсбах стигна до шестата победа во ракометната Бундес-лига откако во натпреварот од 19. коло го совлада тимот на Лемго со 33:32 (17:17). Најзаслужен за втората победа во серија на 12-кратниот германски шампион беше голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски, кој успеа да одбрани три удари од седум метри во последните две минути.
Одличната игра на македонскиот голман беше наградена со изборот за најдобар голман на 19. коло во Бундес-лигата.
Тимот на колото во Бундес-лигата:
Голман – Борко Ристовски (Гумерзбах)
Лево крило – Уве Генсхајмер (Рајн Некар-Ловен)
Лев бек – Ајвис Јурц (Ајсенах)
Среден бек – Далибор Додер (Минден)
Пикер – Бјарте Мирхол (Рајн Некар – Ловен)
Десен бек – Марко Вујин (Кил)
Десно крило – Роберт Вебер (Магдебург)
Следниот предизвик на Борко Ристовски и Гумерсбах е составот на Бергишер. Дуелот меѓу овие две екипи се игра утре од 19 часот. По завршување на овој меч, Ристовски ќе се приклучи на репрезентацијата на Македонија, која ги почна подготовките за претстојното ЕП во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


