| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно блокирана Пластичарска – пренасочени автобусите кон Чаир, Скопје-Север, Бутел и Радишани

protest plasticarska

Од вчерашните протести

Булеварот Никола Карев познат како Пластичарска улица во моментов е повторно блокиран поради протест на продавачите на улицата.

Тие бараат ЕВН да го поправи дефектот на трансформаторот и се закануваат дека нема да престанат со протестите додека не се исполнат нивните барања. Првиот протест се одржа вчера вечер, кога по околу осум часа блокади, протестантите се повлекоа.

Од ЕВН велат дека проблем е што има многу неплаќачи на електрична енергија во овој регион. Кога темпретаурата падна под нулата трансформаторот се исклучил од преоптовареност.

– Таму треба да постави поголем осигурувач. Згора на тоа мора да се поправи целиот систем во овој дел за да има нормално снабдување. Но, од за нас непознати причини, локалните жители не не оставаат да си ја завршиме работата и затоа доаѓа до вакви ситуации. На крајот може да се случи да експлодира транформаторот, како што тоа се случи во Чаир пред неколку години – вели Атанас Ковачевски од ЕВН.

Поради блокадата, сите автобуси кон Чаир, Скопје-Север, Бутел и Радишани се пренасочуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top