| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Медицинска сестра пронајдена мртва во тоалетот на Општата болница

Медицинската сестра Наташа М. (26) синоќа починала под неразјаснети околности во општата болница во Кикинда, Србија.

Причините за нејзината смрт сé уште не се познати. Според неофицијалните информации, на медицинската сестра и се слошило додека била во тоалетот кадешто колегите и ја пронашле. Сите обиди на медицинскиот персонал да и го спасат животот завршиле без успех.

Локалната полиција сé уште не излегува со официјални инфрмации во какви околности настапила смртта кај Наташа, но според неофицијалните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, не станува збор за насилна смрт.

-Телото е испратено на обдукција во новосадскиот институт за судска медицина. По добиањето на обдукцискиот наод ќе се знае под какви околности починала медицинската сестра. Истрагата е во тек – изјавиле од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top