Покрај „Пластичарската улица“, и улицата Џон Кенеди вечерва е блокирана заради акција на екипи на ЕВН против неплаќачи и крадци на струја. На пластичарска пак десетици луѓе го забрануваат минувањето со палети. На улицата има поголемо присуство на полициски екипи, бидејќи пред неколку дена на истото место имаше протести поради прекин на електричната енергија, затоа што службите на ЕВН открија дека се краде струја.
Насобраните не дозволуваат ЕВН да го отклони дефектот на мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


