Куќата на црнооката (Калеш) Анѓа и ден денес стои во Старавина и сведочи за времето кога таа живееше.
-Куќата е ѕидана од камен и бела земја автентична за овој крај- вели Лазар Котвески градоначалник на Новаци.
Овој прекуграничен проект Новаци го доби преку ИПА програмата на ЕУ. Предвидена е санација на покривната конструкција, меѓукатниот простор и ѕидовите, камено градителство карактеристично за Мариово кое има за цел да биде зачувано за идните генерации.
-Овој објект е типичен за селската рурална средина на Мариово. Има претсобје и други простории за посетители- вели Зоран Алтипармаков, виш конзерватор при Заводот и музејот Битола.
Ревитализацијата на куќата на Калеш Анѓа е само еден од трите објекти кои треба да бидат готови до крајот на 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


