„Пластичарската улица“ вечерва е блокирана од десетици луѓеНа улицата, забрането е минување затоа што истата е блокирана од страна на демонстрантите со палети.На улицата има поголемо присуство на полициски екипи, бидејќи пред неколку дена на истото место имаше протести поради прекин на електричната енергија, затоа што службите на ЕВН открија дека се краде струја,Според информациите, моментално има дефект на мрежата, а екипи на ЕВН се на терен за да го решат прекинот, но не успеале затоа што демонстрантите не им дозволиле да дојдат до местото каде треба да се изврши интервенцијата.
Сега за сега, нема информации кога ќе се вклучи струјата, затоа што не е познато колку ќе трае протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


