| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинат товарниот сообраќај на Блаце

blace

Товарниот сообраќај за влез и излез од Македонија на граничниот премин Блаце е во застој од 14:30 часот поради прекин на системот за контрола на патници и возила на царинската испостава, соопшти Авто-мото сјузот на Македонија (АМСМ).

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има во Прилеп, Кичево, Плетвар и Удово.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во државата се одвива без забрани, претежно по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во југозападниот дел. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top