
Џек Дорси, еден од четворицата основачи на „Твитер“, е кандитат за местото независен директор во Управниот одбор на компанијата „Волт Дизни“. Ова е само предлог, а акционерите ќе имаат шанса да се изјаснат на Собрание на УО. Дорси, кој има 36 години, ако биде избран ќе биде најмлад член на УО на „Дизни“ во кој најчесто членовите имаат преку 50 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


