| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо не се брише на интернет – внимавајте што објавувате на „Фејсбук“

По­чи­ту­вај­те ја при­ват­но­ста на дру­ги­те. Би­де­те осо­бе­но вни­ма­тел­ни со об­ја­ву­ва­ње­то лич­ни по­да­то­ци или ин­фор­ма­ции што се од­не­су­ва­ат на дру­го ли­це (ка­ко и фо­то­гра­фии или лин­ко­ви до фо­то­гра­фии) без не­го­ва сог­лас­ност

Сте си поминале интересно изминатата вечер во град и сите фотографии ги ставивте на интернет?! Да забавно е, интересни се и коментарите. Но, интересната игра завршува тогаш кога некој ќе ги искористи тие фотографии за други цели – на пример, вашиот работодавец како причина да ви каже дека сте отпуштени од работа. Причината едноставна – го урувате угледот на фирмата. Дирекцијата за заштита на лични податоци подготви неколку совети како да се заштитите на „Фејсбук“:

Ри­зи­ци
•  Ни­што не се бри­ше на ин­тер­нет

Не по­стои кон­цеп­тот за бри­ше­ње на со­др­жи­ни­те на ин­тер­нет. Ед­наш об­ја­ве­ни­те по­да­то­ци мо­жат, бу­квал­но, за­се­ко­гаш да оста­нат на ин­тер­нет, ду­ри и ко­га ко­рис­ни­кот сам ги из­бри­шал сво­и­те по­да­то­ци од „ори­ги­нал­на­та” веб-стра­ни­ца, во ар­хи­ви­те мо­же да би­де со­чу­ва­на ко­пи­ја од по­да­то­ци­те.
•    Не­ре­а­лен кон­цепт за „за­ед­ниш­тво”
Го­лем број на про­вај­де­ри на овој тип сер­ви­си твр­дат де­ка ус­пе­ва­ат да ги пре­не­сат ко­му­ни­ка­ци­ски­те про­це­си од ре­ал­ни­от жи­вот во ки­бер­нет­ски­от про­стор. Kорис­ни­ци­те мо­ра да би­дат ин­фор­ми­ра­ни за тоа ка­ко се откри­ва­ат и спо­де­лу­ва­ат ин­фор­ма­ци­и­те од нив­ни­от про­фил и ка­ко мо­жат да го кон­тро­ли­ра­ат.
•    Бесп­лат­но­то, мо­же­би, и не е бесп­лат­но
Ова се слу­чу­ва ко­га ко­рис­ни­ци­те ги „пла­ќа­ат” ус­лу­ги­те на сер­ви­сот со тоа што сво­и­те лич­ни по­да­то­ци ги оста­ва­ат на на­та­мош­на обра­бо­тка од стра­на на про­вај­де­рот, на при­мер за (targeted) мар­ке­тинг.
•    Пре­нос на лич­ни по­да­то­ци на ко­рис­ни­ци­те од стра­на на про­вај­де­ри­те
Про­вај­де­ри­те на сер­ви­си­те се тех­нич­ки спо­соб­ни да го сле­дат и сни­ма­ат се­кое дви­же­ње на ко­рис­ни­кот на нив­на­та веб-стра­ни­ца и по­тоа да вр­шат пре­нос на лич­ни­те по­да­то­ци (вклу­чу­вај­ќи ги и ИП-адре­си­те на ко­рис­ни­ци­те) на тре­ти ли­ца / стра­ни за це­ли ка­ко што е, на при­мер, рек­ла­ми­ра­ње­то.
•    Ко­рис­ни­кот откри­ва по­ве­ќе лич­ни по­да­то­ци од што мис­ли де­ка открил
На при­мер, фо­то­гра­фи­и­те мо­жат да слу­жат ка­ко уни­вер­за­лен би­о­ме­три­ски иден­ти­фи­ка­тор на кон­крет­на­та веб-стра­ни­ца, но и на дру­ги веб-стра­ни­ци. Во пос­лед­но вре­ме соф­тве­ри­те за пре­поз­на­ва­ње на ли­ко­ви­те сѐ по­ве­ќе се усо­вр­шу­ва­ат, a се оче­ку­ва тој тренд да се раз­ви­ва во ид­ни­на.
•    Ко­ри­сте­ње на не­си­гур­на ин­фра­стру­кту­ра
По­стои не­до­стиг од си­гур­нос­ни ин­фор­ма­ци­ски си­сте­ми и мре­жи, вклу­чу­вај­ќи ги ту­ка и веб-сер­ви­си­те. Акту­ел­нитe ин­ци­ден­ти се во нај­го­лем број вр­за­ни за поз­на­ти­те про­вај­де­ри на сер­ви­си ка­ко „Фејс­бук“, „Мај спејс“, „Ор­кут“, „Сту­ди ВЗ“, „Хи5“ (Facebook, MySpace, Orkut, StudiVZ, Hi5).

Пре­по­ра­ки за ко­рис­ни­ци­те
1.    Вни­ма­вај­те! Раз­мис­ле­те до­бро пред да ги об­ја­ви­те сво­и­те лич­ни по­да­то­ци (осо­бе­но име­то и пре­зи­ме­то, адре­са­та и те­ле­фон­ски­от број) на пор­та­ли­те за  за­ба­ва и за дру­же­ње.
2.    Раз­мис­ле­те два­па­ти да­ли ќе го ко­ри­сти­те ви­стин­ско­то име или ќе упо­тре­би­те псев­до­ним.
3.    По­чи­ту­вај­те ја при­ват­но­ста на дру­ги­те. Би­де­те осо­бе­но вни­ма­тел­ни со об­ја­ву­ва­ње­то лич­ни по­да­то­ци или ин­фор­ма­ции што се од­не­су­ва­ат на дру­го ли­це (ка­ко и фо­то­гра­фии или лин­ко­ви до фо­то­гра­фии) без не­го­ва сог­лас­ност.
4.    Ин­фор­ми­рај­те се! Кој упра­ву­ва со сер­ви­сот што го ко­ри­сти­те? Под над­леж­ност на ко­ја зем­ја спа­ѓа? Да­ли во зем­ја­та по­стои ор­ган за за­шти­та на лич­ни­те по­да­то­ци до кој мо­же да се обра­ти­те во слу­чај на зло­у­по­тре­ба на ва­ши­те лич­ни по­да­то­ци? Да­ли ви се по­ну­де­ни оп­ции за за­шти­та на ва­ши­те лич­ни по­да­то­ци?
5.    Ко­ри­сте­те ги си­те до­стап­ни по­ста­вки (settings) за уре­ду­ва­ње на по­ли­ти­ка­та на при­ват­ност на веб-стра­ни­ца­та. Огра­ни­че­ни­от при­стап до ва­ши­от про­фил тре­ба да ви би­де по­ну­ден, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за оп­ци­ја­та за пре­ба­ру­ва­ње.
6.    Ко­ри­сте­те раз­лич­ни по­да­то­ци за иден­ти­фи­ка­ци­ја на ин­тер­нет. Ко­рис­нич­ки­те ими­ња и ло­зин­ки е по­жел­но да би­дат раз­лич­ни на раз­лич­ни веб-стра­ни­ци.
7.    Ко­ри­сте­те ги си­те мож­но­сти за кон­тро­ла над на­чи­нот на кој про­вај­де­рот ги ко­ри­сти или пре­не­су­ва ва­ши­те по­да­то­ци (на при­мер, ко­ри­сте­те ги opt-out оп­ци­и­те за ди­ре­ктен мар­ке­тинг).
8.    Вни­ма­вај­те на тоа ка­ко ва­ши­те де­ца го ко­ри­стат ин­тер­не­тот, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за пор­та­ли за за­ба­ва и за дру­же­ње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top