Советот на Општина Илинден на својата 12. седница го усвои Буџетот на Општина Илинден за 2014 година, кој изнесува 398.682.000,00 денари. Посебен акцент во буџетот за 2014 година е ставен на капиталните расходи кои заземаат 60 проценти од планираните средства во основниот буџет.
Во рамките на подготвувањето на предлог-буџетот за 2014 година, Општина Илинден организираше низа буџетски форуми во 12. населени места со граѓаните. На состаноците покрај градоначалникот Жика Стојановски, советници од Советот и општинската администрација, директорите на јавните претпријатија присуствуваа и
претседателите и претставниците на 12 месни заедници од подрачјето на општината.
На овие средби граѓаните ги искажаа своите потреби и барања за реализација на повеќе проекти со цел тие да станат дел од предлог-буџетот на Општина Илинден за 2014 година.
На дванаесеттата редовна седница на Советот на Општина Илинден беа изгласани и одлуките за буџетскиот календар за 2014 година, како и годишните програми за работата во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Илинден за 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




