| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети петарди на градски пазар во Струга

На градскиот пазар во Струга криминалистичката полиција при полициската станица од Струга вчера пронајде и одзеде вкупно 4. 212 пиротехнички средства – петарди кои биле наменети за понатамошна продажба.

petardi-struga

 

-Најголемиот дел од пронајдените пиротехнички средства се петарди, т.н. пиратки „мирновец“ и „крекери“, кои вчера во времето од 13 до 14 часот беа пронајдени во две одвоени контроли на градскиот пазар во Струга. Поголемиот дел од петардите наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба беа пронајдени во и околу магацини и тезгите каде што се чува и продава овошје сопственост на Т.Ш. (40) од струшкото село Велешта. Останатиот дел од петардите се пронајдени до тезга за облека каде што работел Б.А. (58) од Струга – соопштуваат од полицијата.

petardi-struga1

 

 

Против Т.Ш. и Б.А. полициската станица од Струга поднесе кривични пријави за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во пресрет на новогодишните празници, секторот за внатрешни работи Охрид врши интензивни и засилени контроли на физички и правни лица со цел наоѓање пиротехнички производи, кои во Република Македонија и покрај забраната за нивна употреба, неовластено се продаваат во продавници, пазари и на други јавни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top