| четврток, 6 декември 2018 |

Џастин Бибер официјално се повлекува од сцената

Младиот пејач Џастин Бибер, кој е на врвот на кариерата, на својот профил на „Твитер“ остави порака:

– Мои драги Билибери, официјално се повлекувам.

Неодамна тој на гостување во една радиоемисија рече дека се повлекува од сцената, но сите мислеа дека тоа е само шега. А сега тој остави порака и на „Твитер“ каде што официјално ја потврди веста.

biber-penzija

По оваа порака, следуваа уште неколку во кои пејачот на неговите фанови им напиша дека: – медиумите пишуваат секакви работи за него и дека сакаат тој да пропадне, но дека нив нема никогаш да ги напушти.

– Да бидеш Билибер е животен стил. Никогаш нема да ве напуштам. Бидете внимателни и сакајте се едни со други, простете како што Бог ни опрости преку Христа – напиша пејачот, а потоа им честиташе и Божик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top